Менија
Следниот дел ги прикажува достапните теми за помош за менијата и дијалозите.

Прозорецот што го содржи документот на кој сакате да работите мора да биде избран за да можете да ги користите наредбите од менито. На сличен начин, морате да изберете објект во документот за да користите наредби од менито поврзани со објектот.

Менијата зависат од контекстот. Ова значи дека се достапни оние ставки од менито кои се релевантни за работата што моментално се извршува. Ако покажувачот е лоциран во текстот тогаш се достапни сите оние ставки од менито кои се потребни за да се уреди текстот. Ако сте избрале графика во документот, тогаш ќе ги видите сите оние ставки од менито кои можат да се користат во уредувањето на графика.
Датотека
Овие команди се применуваат на тековниот документ, отворете нов документ или затворете ја апликацијата.
Вметнување
Ова мени содржи команди кои се користат за вметнување на нови елементи во документот, на пример, графика, објекти, специјални знаци и други датотеки.
Алатки
Содржи aлатки за проверка на правописот, галерија од објекти кои можете да ги додадете на вашиот документ како и алатки за конфигурација на менија и поставување на преференции на програмата.
Помош
Менито за помош Ви овозможува да го стартувате и да управувате со системот за помош на LibreOffice.