LibreOffice 7.3 Help
Отворете ги текстуалниот документ и табеларната пресметка.
Изберете ја областа на листот која сакате да ја копирате.
Посочете ја избраната област и притиснете го копчето на глушецот. Држете го притиснато накратко и потоа повлечете ја областа во текстуалниот документ.
Отпуштете го копчето на глушецот, кога покажувачот е поставен на местото каде што сакате да се вметне областа на листот. Областа на листот се вметнува како OLE објект.
Во кој било момент можете да го изберете и уредите OLE објектот.
Кликнете двапати на OLE објектот за да го уредите.
Во спротивно, изберете го објектот и изберете Уреди - Објекти - Уреди или Уреди од контекстното мени. Можете да го уредите објектот во сопствената рамка во текстуалниот документ, и ќе ги видите иконите и мени командите потребни за табеларни пресметки.
Изберете Отвори за да го отворите изворниот документ на OLE објект.